Федералното истражно биро (ФБИ) побара од избирачките органи во САД да ги зајакнат мерките за компјутерска безбедност, откако минатата недела беа откриени детали за кибер-напади врз бази со податоци од избирачки списоци во двете сојузни држави Аризона и Илиноис, се наведува во доверлив документ.
Предупредувањето на одделот за кибер-безбедност при ФБИ било објавено на 18 август, објавија западни медиуми, цитирајќи го документот.
Според претставници на разузнавачките служби, во кибер-нападите веројатно се вмешани странски хакери. Американските разузнавачки служби со голема загриженост ги следат дејствувањата на хакери, кои се платени од Русија или други држави, и кои можат да се обидат да ги саботираат претседателските избори во САД во ноември.
Експерти по кибер-безбедност во САД тврадт дека неодамнешните хакерски напади врз Демократската партија веројатно се дело на луѓе блиски до руската Влада.
Кремљ категорично ги отфрли обвинувањата за вмешаност на Москва.