Со победата над Вест Хем од 3:1 остварена на свој терен, екипата на Манчестер Сити изби на врвот на табелата во Англиското фудбалско првенство со максимални девет бодови.
Ист број бодови имаат уште Челзи и Манчестер Јунајтед, но со нешто послаба гол разлика во однос на „граѓаните“.
На другиот денешен дуел од 3.коло во Премиер лигата ВБА и Мидлзброу одиграа нерешено без постигнат гол – 0:0.
Резултати на саботните дуели:
Тотенхем – Ливерпул 1:1,
Челзи – Барнли 3:0,
Кристал Палас – Борнмут 1:1,
Евертон – Стоук 1:0,
Лестер – Свонси 2:1,
Саутемптон – Сандерленд 1:1,
Вотфорд – Арсенал 1:3 и
Хал – Манчестер Јунајтед 0:1.
Табела: Манчестер Сити 9 бодови, Челзи 9, Манчестер Јунајтед 9, Евертон 7, Хал 6, Мидлзброу 5, Тотенхем 5