Ако Брегзит биде лошо спроведен, а другите земји почнат да го следат примерот на Велика Британија, Европа ќе заврши во канализација, изјави денеска германскиот вицеканцелар и министер за економија Зигмар Габриел.
– Брегзит е лош, но нема да ѝ наштети на економијата толку колку што некои стравуваат. Тоа е повеќе психолошки и политички проблем – изјави Габриел на денешната прес-конференција.
Тој дообјасни дека светот сега на Европа гледа како на нестабилен континент.
– Ако Брегзит го спроведеме на погрешен начин, ќе се најдеме во голема неволја – оцени тој.
Габриел додаде дека е неопходно сега да се обезбеди Велика Британија при излегувањето од Унијата да не ги задржи предностите на членството за други земји да не го следат нејзиниот пример, туку мора да преземе одговорност поради напуштањето на Унијата.