Кабинетот на претседателот на Узбекистан информира дека претседателот Ислам Каримов е примен во болница, каде го добива „неопходниот медицински третман“.
Во денешното соопштение од Кабинетот се наведува дека ќе биде потребно време и медицински третман за 78-годишниот претседател.
Узбекистанските власти не ја соопштуваат причината, ниту сериозноста поради која претседателот е хоспитализиран.