Собрани шест милиони евра преку СМС за настраданите во Италија

Од:

Италијанската служба за цивилна заштита собра над шест милиони евра од донации преку СМС за настраданите од катастрофалниот земјотрес, кој пред три дена го погоди централниот дел на земјата.

Бројот за донации беше објавен на 24 август, на денот на земјотресот, во кој загинаа најмалку 290 луѓе, а стотици домови се разурнати во неколку области во централниот дел на Италија.

Службата за цивилна заштита соопшти дека нема да се прифаќаат донации во вид на прехранбени производи.

Освен државните органи, со собирање на средства за настраданите се занимаваат и невладините организации, како и медиумите.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во близина на Закинтос

Земјотрес во Далмација

Централните делови на САД ги погоди силен земјотрес

Земјотресот од Албанија ја стресе и Македонија

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Романија