(ВИДЕО) Николовски: Мочуриштето во Арачиново е опасно по живот, мора да им се помогне на жителите

Од:

Три недели после поплавите, Владата и Градот Скопје остануваат глуви за состојбата во Арачиново. Медиумите јавија за ова мочуриште со остатоци од удавени животни кои се нашле на удар од поплавата. Овде постои сериозен ризик од зарази од бактерии кои се опасни по животот на жителите од Арачиново, но и пошироко – по граѓаните од Скопје, рече членот на Извршниот одбор на СДСМ, Љупчо Николовски.

„На овие семејства, деца и наши сограѓани треба да им се помогне. Оваа потенцијална зараза мора да се отстрани.

Ние сме тука да помогнеме, да подадеме рака и да гарантираме дека ваква катастрофа уште еднаш не смееме да си дозволиме.

Дождови ќе има и понатаму, но ваквата неодговорна власт станува прескапа за македонските граѓани, не само во пари туку и во човечки животи. Доаѓа време на одговорност и време на подобар живот“, рече Николовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николовски: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво

Горан Наумовски

Двајца браќа од Арачиново обвинети за убиство на татко и син

Горан Наумовски

Маж од Арачиново со пиштол им се заканувал на вработени во ЕВН Македонија

Кумановка оставила бебе кај брачен пар од Арачиново, кога сакала да си го земе детето не и го давале

Две момчиња се осомничени за обид за убиство на познаник од Арачиново

Изгоре „голф“ во Арачиново, нема повредени