Северна Кореја истрела балистичка ракета од подморница

Од:

Северна Кореја истрелала балистички проектил од подморница, јавува севернокорејската новинска агенција „Јонхап“.

Проектилот од типот КН-11 бил истрелан од подморница на источниот брег на Северна Кореја и прелетал 500 километри пред да падне во Јапонското Море, соопштил претставник на властите на САД.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе потегот на Пјонгјанг го нарекол „пакосен чин“.

Инаку, Обединетите нации ѝ забранија на Северна Кореја, за која се претпоставува дека развива нуклеарно оружје, да користи какви било балистички ракети.

Последното истрелување на балистички прокетил се случува откако Северна Кореја најави дека ќе се одмазди поради воените вежби на САД и на Јужна Кореја, кои режимот во Пјонгјанг ги толкува како обид за инвазија на земјата.

Би можело да ве интересира

Русија и подари на Северна Кореја 447 кози

Средба кој ги менува работите: Путин оди во Северна Кореја

САД и Јужна Кореја загрижени за посетата на Путин на Северна Кореја

ВИДЕО: Северна Кореја се обиде да лансира шпионски сателит, не успеа

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна