Владата сака да прераспоредува буџетски средства без амин од пратениците

Од:

Владата, користејќи ја актуелната состојба со поплавите предлага уште една измена на закон, со која ја зголемува нетранспарентноста во трошењето на парите од народот.

На денешната собраниска седница на дневен ред се и измените во законот за буџети, со кои се овозможува Владата да прераспределува средства од

Буџетот и без ставот и гласот нанародните избраници.

Ова, Владата го правда со потребата од брзо обезбедување пари во кризни ситуации.
Еве што стои во член еден од Измените во законот:

Во случај на постоење на кризна состојба одобрените средства во постојната буџетска резерва може да се зголемат со прераспределба на средства само помеѓу министерствата и другите органи на државната управа, за што одлучува Владата на Република Македонија, но намалувањето може да биде најмногу до 5% од постојните буџетски средства на министерствата и другите органи на државната управа и притоа да не се наруши нивното редовно функционирање и вршење на утврдените законски надлежности.

Опозицијата предупредува дека ова е уште еден удар врз транспарентноста .

„На овој начин му се одзема контролната улога на Собранието во јавните финансии, а тоа е смислата на постоењето на Собранието “, вели Марјанчо Николов од СДСМ, претседател на Комисијата за финансирање и буџет.

Би можело да ве интересира

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Николовски: Во Буџетот има помалку пари за земјоделците за 15% и 10 пати помалку пари за рурален развој