Почнаа преговорите меѓу САД и Турција за екстрадиција на Ѓулен

Од:

Претставници на Министерството за правда и на Министерството за надворешни работи на САД денеска во Анкара почнаа разговори со турските колеги за екстрадиција на муслиманскиот свештеник Фетхулах Ѓулен, јави Ал Џазира.

Турските власти соопштија дека во текот на дводневните преговори ќе изнесат голем број докази за вмешаноста на Ѓулен во неодамнешниот обид за воен удар.

Предвидена е и средба со припадниците на армијата, кои се обвинети за учество во обидот за пуч.

Ѓулен живее во Пенсилванија. Турција и САД имаат договор за екстрадиција, а Вашингтон тврди дека е неопходен доказ дали Ѓулен е директно вмешан во обидот за воен удар во Турција.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија