МЗШВ: Николовски манипулира надевајќи се на политички поени

Од:

Љупчо Николовски продолжува со манипулации и дезинформации, надевајќи се на политички поени, дури и врз маката на луѓето од поплавениот скопски регион и уште еднаш го потврди тоталното непознавање за функционирањето на системите за одводнување, стои во демантот на МЗШВ.

„Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство се прашува за какви финансиски злоупотреби зборува Николовски кога во ниеден ревизорски извештај и во ниеден дел од извештајот на Државниот ревизор не е наведено дека средствата се исплатени неправилно и незаконски.

Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство уште еднаш ќе повтори дека, секое водостопанско претпријатие определува надзор кој на терен ја следи и потврдува извршената работа. Сите извештаи за времени ситуации, покрај надзорот, ги потпишува и изведувачот на работите, директорот на водостопанското претпријатие и директорот на Управата за водостопанство при МЗШВ“, велат од министерството.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

Николоски: Обезбедивме плати за Пошта и за Железници

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

Филипче најави тужба за клевета против Николоски – го нарече „кафански озборувач“