Американците незадоволни од претседателските кандидати

Од:

На 8. ноември, САД го бираат новиот претседател, но американците се незадоволни од понудениот избор.

Повеќе од 50 отсто гласачи во САД се незадоволни од кандидатите за претстојните претседателски избори – демократката Хилари Клинтон и републиканецот Доналд Трамп, покажала анкетата на телевизијата Еј-би-си и на весникот „Вашингтон пост“.

Се работи за дури 57 отсто од испитаниците, додека 35 отсто сакаат да гласаат за некој друг кандидат.

Но, како што објави Еј-би-си на својот сајт, според друго истражување 59 отсто испитаници сметаат дека ако гласаат за трет кандидат тоа може да резултира со победа на кандидатот кој им е помалку прифатлив.

Би можело да ве интересира

Анкети: Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија победи на изборите

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска