Николовски: Мора да има одговорност за неисчистените одводни канали

Од:

Неисчистените канали за одводнување на потегот Камник-Синѓелиќ-Стајковци-Брњарци и Арачиново покажа дека невремето не може да биде оправдување за потфрлањето на институциите. Се потврди се она што го тврдевме, рече Љупчо Николовски, член на Извршен одбор на СДСМ.

Додека огромни суми на пари, преку програмата за рурален развој, на сомнителен начин завршувале кај фирми и лица блиски на власта, каналите останаа неистичени.

Злоупотреби со парите на граѓаните, тешки 3 милиони евра, потврди и Државниот ревизор. На сомнителен начин парите завршиле во нечии џепови наместо за чистење на каналите.

Парите за наводно исчистени канали ги добивале лица или фирми, само врз осова на барање и на документација, без притоа овластени контролори на Платежната агенција да ја проверат на терен фактичката состојба и да направат и да достават записник!

Не се вршеле контроли и пред одобрување на барањата, што е нова можност за злоупотреби – едно да е наведено во барањето, друга да е ситуацијата на терен.

За овие злоупотреби поднесовме и кривична пријава за министерот Цветков.

Јавното обвинителството за организиран криминал треба да се охрабри и да ги забрза постапките поврзани со оваа кривична пријава.

Да беа исчистени и одржувани каналите за одводнување катастрофата што ги зафати граѓаните од околината на Скопје ќе беше многу помала со многу помали последици.

Политичка, морална и кривична одговороност мора да има.

Пустошот што го остави невремето во околината на Скопје сега создава нови проблеми за граѓаните и земјоделците.

Земјоделците молат за добиточна храна и бараат целосно 100% обештетување што поскоро.

Новата, одговорна влада предводена од СДСМ целосно ќе ги обесштети граѓаните и земјоделците.

Дополнително, ќе инвестираме 10 милиони евра годишно само за системи за наводнување и одводнување за граѓаните и земјоделците да бидат спокојни.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски