Со три победи по ред, последната против домаќинот Крим, ракометарките на Вардар го освоија турнирот „Винко Кандија” во Љубљана.
Во последниот натпревар, вардарки триумфираа со 30:25 и покрај тоа што настапија без седум играчи.
Од самиот почеток „црвено-црните“ стартуваа силно, а серијата од 5:0 беше најава за нова победа. Таа разлика се одржуваше во најголем дел од првото полувреме. Истото се случи и во вторите 30 минути.
Покрај трофејот за освоеното прво место, Вардар ги освои и сите индивидуални награди на турнирот. За МВП играч е прогласена Андреа Пенезиќ, најдобар голман е Ина Суслина, додека најдобар стрелец е Тамара Мавсар кој постигна вкупно 22 гола на трите натпревари.