Спасовски: Се потврди се’ што тврдевме, во Избирачкиот список има фантомски гласачи

Од:

Се’ е потврдено. После завршувањето на рокот за пријавувањето на спорните гласачи во Р. Македонија, се потврдија сите тези на Социјалдеморкатскиот сојуз и на опозицијата, дека во Р. Македонија има фантомски гласачи, запишани гласачи во Избирачкиот список коишто се злоупотребуваа за време на изборниот процес, рече Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ.

После рокот за пријавување, се докажа дека околу 30 илјади избирачи коишто се наоѓаа на Избирачкиот список во Р. Македонија, не постојат. Не можеа да се пријават, и со тоа се потврди тезата дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ на изборите коишто се одржуваа досега во Р. Македонија, сериозно го злоупотребувале избирачкото право на граѓаните на Р. Македонија.

Имајќи во предвид дека и дополнителни 172 илјади избирачи се запишани на посебен извод на Избирачки список затоа што се наоѓаат надвор од земјава, се констатира дека во Македонија имаме околу 1 милион и 500-тини илјади избирачи.

Тоа се, реално, избирачи коишто се во Р. Македонија и коишто можат да го искористат сопственото избирачко право тука.

Ова покажува дека нема да имаме идеален Избирачки список, меѓутоа, ќе имаме далеку подобар Избирачки список од оној којшто го имавме досега.

И ова покажува дека, ако бидеме упорни и истрајни на она што го кажуваме до крај, како што тоа го правеше Социјалдемократскиот сојуз во изминатиот период, ќе можеме да ги подобриме работите за да се создадат услови за фер, демократски и кредибилни избори и да се создаде фер шанса за секој којшто ќе учествува во избирачкиот процес.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски