Жител од Лабуништа добил тешки изгореници по експлозија на плински боци

Од:

Со опекотини по лицето и другите делови од телото се здобил Н.Ф.(58) од струшкото село Лабуништа, при експлозија на плински боци што, тој ги превезувал во патнички автомобил марка „рено трафик“ со италијански регистарски ознаки.

Повредениот, итно бил префрлен во Општата болница во Струга, каде му била пружена неопходна медицинска помош, по што бил пуштен на домашно лекување.

Настанот се случил вчера во 17 часот и 40 минути на магистралниот пат Струга-Дебар кај месноста ,,Мороишки мост“, кога од експлозија на плински боци во возачката кабина дошло до опожарување на целиот автомобил, кој се движел по магистралниот пат.

Во возилото, сега повредениот Н.Ф. превезувал три плински боци кои претходно ги наполнил со течен гас. Во еден момент, во возачката кабина настанала експлозија на плинска боца од 12 литри при што настанал пожар кој брзо се проширил низ целото возило кое, набрзо целосно изгорело.

На местото на настанот интервенираше противпожарната единица од Струга а по овластување на Јавен обвинител, увид изврши полициска екипа од полициската станица во Струга 

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина