На турнирот „Белгазпромбанк” што се одржува во Брест, македонскиот ракометен шампион Вардар оствари победа, 39-28 (17-15) против француски Сесон.
Тимур Дибиров беше најпрецизен со девет постигнати гола.
Од самиот почеток на натпреварот Вардар имаше предност, но ниту еден тим не направи позначителна предност за да може резултатски да се одвои. Победникот беше решен во последните 15 минути кога при резултат 26:25 „црвено-црните“ направија одлична серија и додјоа до предност од 32-27.
Денеска со почеток од 14 часот Вардар игра со Висла Плоцк.