Колач со кадаиф

Од:

Интересен колач со кадаиф и крем …

Потребно е:

400 гр кадаиф
200 гр путер
6 лажици шеќер
200 гр сецкани ореви

за кремот:

1 л млеко
200 гр шеќер
4 лажици брашно
3 лажици пченкарен скроб
1 жолчка
200 мл слатка павлака
2 кесички ванилин шеќер

Подготовка:

– Ставете го путерот во тава на рингла и оставете да се растопи. Додадете го шеќерот и промешајте да се растопи.
– Додадете го ситно сецканиот кадаиф и кратко после тоа и сецканите ореви. Пржете со постојано мешање додека кадаифот да добие темно жолта боја. Оставете да се излади.
– За тоа време подгответе го кремот. Во сад на рингла сипете го млекото и додадете ги и останататите состојки за кремот, освен слатката павлака. Варете со постојано мешањедодека да се згусне смесата. Оставете да се излади околу 5 минути.
– За тоа време подгответе го кадаифот. Пола од кадаифот распоредете го во тава за печење.
– Кремот кратко изматете го со миксер, додадете ја слатката павлака и продолжете со матењето додека да се добие хомогена смеса.
– Уште врелиот крем прелијте го над кадаифот во тавата. Одозгора распоредете го преостанатиот кадаиф и внимателно израмнете.
– Оставете го кадаифот во фрижидер неколку часа, убаво да се излади. Исечете го на парчиња и послужете.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава