Русија: Не сме ние виновни за крвта и прашината на Омран Дакнеш

Од:

Руското министерство за одбрана ја отфрли одговорноста за нападот во предградието на Алепо во кој беше повредено детето чии фотографии ја вознемирија јавноста.

Фотографијата на која Омран Дакнеш седи мирно во возилото на брза помош облеан во крв и прашина е уште едно потсетување за страдањето на сирискиот народ.

Како што се наведува во соопштението, Русија не ги гаѓала населените подрачја и ги обвини бунтовниците за нападите на цивилните области со цел да се поткопаат хуманитарните напори.

-Руското министерство за одбрана нагласува дека на фотографијата на повреденото дете се гледаат неоштетени прозорци и куќи покрај неговата, што укажува дека неговата куќа не била мета на руското воздухопловство туку била гаѓана со гранати кои ги користат бунтовниците, се наведува во сопштението на руското министерство за одбрана.

Би можело да ве интересира

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Алаудинов: Зеленски ќе мора да потпише безусловна капитулација