САД го преместуваат нуклеарното оружје од Турција во Романија поради влошените односи помеѓу Вашингтон и Анкара. Според податоците, од 20 до 50 единици на тактичко нуклеарно оружје се преместува од базата Инџирлик во базата Девесел во Романија.
Во меѓувреме во Турција не престануваат протестите, се палат американските знамиња и се бара затворање на аеро базата Инџирлик и префрлање на нуклеарните бомби кои таму се чуваат по барање на САД уште од времето на Студената војна.
Под турската база моментално се наоѓаат 50 атомски бомби од типот Б61. Тоа е една четвртина од целиот нуклеарен потенцијал на НАТО. Моќта на боевите глави е 170 килотони, а колку за споредба за уништување на Хирошима, Американците употребија бомба од 15 килотони.