ВМРО-ДПМНЕ повторно бара каде се парите од времето на СДСМ

Од:

„Ние ќе посочиме каде одат парите кога ВМРО-ДПМНЕ ја има одговорноста пред граѓаните. Тие одат во градење, во инвестиции и проекти – во градби како што е стадионот зад мене – Арената Филип Втори, чија изградба чини 50 милиони евра и траеше нешто повеќе од три години, и е со капацитет од 36 илјади седишта. За прв пат граѓаните на Македонија добија репрезентативен спортски објект.

Се градат и патишта:

· Завршена е реконструкцијата на 62 локални патишта во должина од 140км, во вкупна вредност од околу 575 милиони денари.

· Ќе посочам само мал дел-се изгради пат од с. Пеленице до с. Горно Количани, од Делчево до с. Вратиславци, од с. Сакулица – до с. Шопско Рудари, од Валандово до с. Пирава, од с. Ајватовци до с. Мршевци, од Дебар до с. Коњари, од с. Русиново до с. Владимирово, од с. Брњарци до с. Стајковци

· Се изгради автопатската делница Табановце-Куманово во должина од 7.5 км, проект кој изнесува околу 15.5 милиони евра.

· Во 2008 година беше пуштена во употреба Обиколницата на Скопје, која е дел од Коридорот 8, на ниво на автопат во должина од 26.8 км. Вкупната вредност на проектот изнесува околу 9.3 милијарди денари.

· Изградена е трета лента на делница од Дреново до Прилеп (Плетвар во вредност од околу 273 милиони денари.

· Изградена е клучката Прдејци, во вредност од околу 29 милиони денари.

Се делат и субвенции и земјоделска механизација на земјоделците. Само на земјоделците од битолско им беа доделени 42 од вкупно 80 трактори кој како проект го реализира владата“, рече Сашо Лазаровски, заменик-министер за Локална самоуправа.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Македонија тоне во нов бран на растечка инфлација

А1он

(ВИДЕО) Јанчева: Орце Ѓорѓиевски е градоначалник на партијата, не на граѓаните

(ВИДЕО) Петрушевски: СДС за градоначалници кандидира од добро познати кадри до непознати ликови кои се нафатиле да изгубат

(ВИДЕО) Манојловска: Максим Димитриевски е симболот на лажниот патриотизам и профитерството

ВМРО-ДПМНЕ: СДС седум години не набави ниту едно возило за гаснење на пожари

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ