Турскиот министер за надоврешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека Турција ги зацврстува врските со Русија, бидејќи Северноатлантската алијанса одбива во целост да соработува со Анкара.
Тој најави поголема воена соработка со Русија.
Како што кажа, Анкара е вознемирена од недостатокот на волја во НАТО за соработка со Турција, која е членка на Алијансата.
-Изгледа дека членките на НАТО избегнуваат разговори за размена на технологија и заеднички инвестиции. Турција има намера да развие сопствена одбранбена индустрија и да го зајакне сопствениот одбранбен систем. Доколку е Русија заинтересирана, ние сме подготвени за соработка, изјави тој.
Чавушоглу и претходно за агенцијата Анадолија изјави дека Турција и Русија разгледуваат воспоставување на заеднички воен, разузнавачки и дипломатски механизам и додаде дека односите со НАТО не се на задоволувачко ниво.
Турција до сега сакаше соработка со НАТО. Но резултатите кои ги имавме не задоволуваа. Затоа е нормално да побараме други опции, рече турскиот министер за надворешни работи.