Металург стартуваше со победа на Струшкиот ракометен турнир

Од:

Македонскиот вицешампион Металург синоќа ја совлада романската екипа Стеауа 27:21 (14:9) на првиот ден од 44. Меѓународен ракометен турнир „Струга 2016“, што до сабота ќе се одржува на ракометното игралиште „Женска плажа“ во Струга.

Покрај лошиот почеток на натпреварот, кога романскиот претставник поведе со 4:1, избраниците на Лино Червар заиграа многу подобро и направија пресврт и постепено го зголемуваа водството до максимални +5 на полувреме (14:9).

Во второто полувреме се играше гол за гол, со предност на Металург од три до пет гола за во последната минута да дојде до максимални шест голови разлика и конечен резултат од 27:21.

Најдобар стрелец во екипата на Металург беше Филип Талески, а одлично деби имаше и голманот Дарко Арсиќ.

Првиот наптревар на Струшкиот турнир меѓу екипите на француски Шартр и шведскиот Алингас заврши нерешено 24:24 (11:13). Неизвесноста траеше во целиот наптревар со најизменично водство на двата тима. Пред крајот на натпреварот шведскиот тим имаше водство од четири гола (24:20), но французите со серија од 4:0 дојдоа до израмнување и поделба на бодовите.

На програмата на денеска се натпреварите меѓу Шартр и Пелистер (19:00) и Металург со Еурофарм Работник (20:45).

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ