Привремениот бразилски претседател ќе го пропушти крајот на Олимпијадата

Од:

Вршителот на должноста претседател на Бразил, Мишел Темер, кој беше силно исвиркан на церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Рио, одлучи да не присуствува на свеченото затворање кое ќе се случи в недела, пренесе денеска ДПА.

Новинската „Агенција Бразил”, повикувајќи се на извори од претседаттелскиот кабинет, јави дека Темер го презел тој чекор по консултации со Министерството за надвворешни работи.

За разлика од него, на пример, јапонският премиер Шинѕо Абе ќе присуствува на свеченото затворање, оти се знае дека Токио е избран за домаќин на наредните Летни олимписки игри во 2020.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск