Овој вкусен колач може да стои подолго време …
Подготовка:
за бисквитното тесто:
85 гр путер
100 гр шеќер
изрендана кора од 2 лимона
230 гр брашно
1 лажица прашок за пециво
прстофат сол
1 лажиче цимет во прав
малку изрендано морско оревче
2 поголеми јајца
125 мл јогурт
400 гр боровинки
за преливот од лимон:
65 гр шеќер
сок од 2 лимони
за посипување:
55 гр путер
100 гр шеќер
45 гр остро брашно
1 лажиче симет во прав
Подготовка:
– Прво подгответе ја смесата за посипување. Во еден сад ставете ги ладниот путер, шеќерот, циметот и брашното и со прсти убаво истријте ги сите состојки. Смесата треба да биде како мали грутки. Ставете ја во фрижидер.
– Преминете на подготовката на бисквитното тесто. Кремасто изматете ги путерот, шеќерот и изренданата кора од лимон околу 3 минути. Едно по едно додадете ги јајцата со постојано матење.
– Во посебен сад измешајте ги прашокот за пециво, брашното, солта, циметот и морското оревче и додадете ги постепено во смесата со јајца со постојано матење. На секое додавање малку од брашното, додадете по малку од јогуртот.
– На самиот крај кога смесата ќе стане хомогена додадете ги и боровинките и измешајте ги со дрвена лажица.
– Смесата сипете ја во намастен со путер правоаголен калап. Над тестото распоредете ја смесата за посипување.
– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 55 минути, додека тестото не добие убава златно-кафена боја.
– Пред крај на печењето подгответе го преливот од лимон. Во мал сад на рингла ставете ги да се варат сокот од лимон и шеќерот. Варете ги додека да се згусне течноста.
– Врелиот печен колач прелијте го со подготвениот п релив и оставете да се впие.
– Исечете го на парчиња и послужете.