(ВИДЕО) Жерновски: На таквите како Груевски местото не им е во политиката, туку во поправни и во здравствени установи

Од:

Три часа градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски, беше на распит во Специјалното јавно обвинителство за случајот со нарачаните шамари од Груевски за него и демолирањето на општината во јуни 2013. Јавен обвинител за овој случај е Фатиме Фетаи.

Тој по излегувањето кажа дека уште повеќе верува дека правдата ќе ги стигне сите, и дека треба да одговараат не само криминалците, туку и насилниците.

-Очигледен пример за такво нешто е Никола Груевски кој што исфрустиран од поразот во Општина Центар, од позиција на премиер нарачува демолирање на општината, која е во рацете на опозицијата и нарачува шамари и физичка пресметка со мене. Тоа е една од најгрозните вистини за него, кои што ги дознаваме од прислушуваните материјали. Од тие материјали можеме да видиме дека станува збор, не само за криминалец, туку и за насилник и за кукавица, рече Жерновски.

За таквите како Груевски местото не им е во политиката, за таквите како него местото им е во поправни установи, од ова што го слушнавме и во здравствени установи, рече тој.

Денеска во СЈО дадов исказ за случувањата во јуни 2013 година за тоа како се демолираше општината.Од она што го приложивме како доказен материјал е јасно дека во насилните протести учествува луѓе кои што се блиски до ВМРО –ДПМНЕ, кои што се членови на ВМРО- ДПМНЕ и кои беа регрутирани од Јавните претпријатија.

Она што е важно е да се потенцира дека имаше повреден советник, дека беше причинета голема материјална штета. Приложивме и фотографии од кои јасно се гледа дека оние што протестираа се заедно фотографирани и со Груевски и со Јанкуловска и со претседателот Иванов, но поминаа повеќе од три години,а Јавното обвинителство не смогна сили да отвори ваков прдмет.

На крај сакам нешто дирекно да му порачам на Груевски:

„јас навистина незнам каков боксер си бил ти, но дознав дека никогаш не си учествувал на некој боксерски меч,.Затоа бидејки повеќе од очигледно е дека наскоро ќе имаме прилика да се видиме во судница, и бидејки секогаш си праќал друг да учествува во боксерскиот ринг, наместо сам да учествуваш, ќе имаш можност да ми се спротиставиш, да видиме колку си храбар, бидејќи очигледно е дека немаме расчистени сметки, изјави Жерновски.

Одговарајки на новинарски прашања Жерновски рече дека тогаш бил провоциран да излезе надвор, луѓето што беа собрани надвор чукаа по прозорите и сакаа да влезат внатре, имаше и физички контакти, јасно беше зошто дел од советниците ме повикуваа надвор.Од прислушкуваниот разговор целото сценарио стана повеќе од јасно.

Жерновски рече дека детали од три часовниот распит неможе да даде, бидејќи тоа е работа на СЈО.

„Ако премиер на држава нарачува вакво нешто, повеќе од јасно е дека психолошкиот профил е проблематичен и дека ваков политичар не смее да биде повеќе не само во влада, туку и да се занимава со политика“, рече Жерновски.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

Заедно со Жерновски уште 14-мина земаат плата за непочнатиот клинички центар

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска