ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ лаже дека во Скопје не биле приоритет канализациските мрежи за Црешево, Смилковци, Виниче и Љуботен

Од:

СДСМ продолжува да бара оставка од најуспешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски, бидејќи СДСМ не сака кога во Скопје се подобруваат условите за живот. Градоначалникот Коце Трајановски веќе 2 мандати одговорно и посветено работи за Скопје и тоа е oчигледен проблем за СДСМ, реагираат од партијата на власт по барањето за оставка од градоначалникот на Скопје.

СДСМ го сака Скопје како што го менаџираа тие, продавајќи ги Градските аптеки, градските гробишта, ПУИК со 10.000 станови, скопските пазари, Топлификација и Градскиот трговски центар сите некогашна сопственост на скопјани од кои Градот Скопје требаше да остварува приход. Доколку СДСМ не го направеше тоа, Скопје денес ќе беше многу поразвиен град. Скопје немаше да биде украден град, туку град со многу поголем процент на изградена атмосферска и фекална мрежа, широки булевари и уредени паркови.

СДСМ не сака во Скопје да ги има пробиените и проширени улици и булевари, изградените кружни текови, натпатниците, изградените водоводни, фекални и атмосферски мрежи. СДСМ не сака во Скопје да ги има обновените згради на средните училишта и на културните институции, новоподигнатото зеленило, уредените зони за престој во природа, сите дела на Градоначалникот Коце Трајановски. СДСМ сака Скопје да го гледа во состојба во каква што го остави. Граѓаните паметат какво било Скопје, а какво е денес. Затоа и му ја даваат довербата на Градоначалникот Трајановски.

СДСМ лаже дека во Скопје не биле приоритет канализациските мрежи за Црешево, Смилковци, Виниче и Љуботен. СДСМ треба да ги праша своите советници во Советот на Град Скопје, дали Градот Скопје не одвои средства со меѓуопштинска соработка за изградба на фекална мрежа за овие населени места, пред да истура куп невистини и измислици во рамките на нивната црна кампања против Градоначалникот Трајановски.

Градоначалникот Коце Трајановски со многу труд и грижа работи за доброто на жителите на Скопје. Тоа е нешто што СДСМ никогаш не го направи и е непознато за функционерите на оваа партија. Затоа СДСМ и на наредните локални избори нема да добие шанса од граѓаните ниту да се доближи до позицијата Градоначалник на Град Скопје.

Прв приоритет на ВМРО-ДПМНЕ останува надминувањето на последиците од катастрофалното невреме и помошта на погоденото население. СДСМ слободно може да продолжи да тоне во деструкцијата. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи целосно да се посветува на помошта на терен која им е најнеопходна на нашите сограѓани. Деструкцијата на СДСМ нема да не поколеба секојдневно да бидеме со најпогодените, да им помагаме, да ги слушаме нивните проблеми и да бараме решенија за нивно надминување.

Нема граѓанин кој не е гневен на деструкцијата која што СДСМ постојано ја демонстрира и раководството на партијата најдобриот одговор за сопствената политика ќе го добие на претстојните избори, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче во раководството има само верни слуги на Заев

(ВИДЕО) Лефков: Аврамовска Мадиќ не може да е ново лице во СДС

ВМРО-ДПМНЕ: Аврамовска Мадиќ ја интересираат само големи месечни хонорари и местење милионски тендери

Стојаноска: 250 милиони евра годишно ќе одат за општините, а СДС додека беа на власт камче не фрлија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, неврохирургот на Заев и 40 потрчковци е само синоним за починати граѓани и криминал

А1он