СДСМ: Трајановски треба да одговара морално, политички и кривично

Од:

Извршителот на Никола Груевски во Скопје, Коце Трајановски им должи на скопјани само едно нешто – неговата оставка како градоначалник на Скопје, велат од СДСМ.

За Коце Трајановски поважно беше да ги слуша наредбите на Никола Груевски и да ги троши парите на граѓаните за криминални тендери, за раскош и луксуз, споменици, фонтани, барокни фасади, златни огради, панорамски тркала, луксузна резиденција, жални врби.

Коце треба веднаш треба веднаш да поднесе оставка затоа што за него и ВМРО-ДПМНЕ приоритет беше Скопје 2014, наместо канализацијата за жителите на Црешево, Смилковци, Виниче и Љуботен.

Затоа Коце Трајановски не може да зборува за иднината на граѓаните на Скопје.

Коце Трајановски е веќе осма година градоначалник на Скопје. Трајановски треба да одговара морално, политички и кривично за се тоа што не направил.

Вистинското обесштетување на граѓаните ќе се случи веднаш по демократските промени, во декември, оваа година.

Во Скопје и во Македонија доаѓаат нови времиња. Времиња на инфраструктурни проекти, вистински инвестиции во инфраструктурата. Времиња на нови патишта, улици, водоводи, одводни канали, мостови, училишта, нови енергетски капацитети, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага