Српските кошаркари во четвртфиналето на олимпискиот турнир ќе играат против Хрватска која го освои првото место во својата група со победата против Литванија со 90:81. Победата на Хрватите во мечот со Литванија им донесе средба со Србија, доколку изгубеа ќе беа на четвртото место што значеше меч со моќните Американци.
Мечот Србија-Хрватска се игра во четврток во 3.15 часот по средноевропско време, а победникот во полуфиналето ќе ги одмери силите со победникот од средбата Австралија-Литванија.