ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е во очајна состојба

Од:

Деструктивната и некрофилска политика на СДСМ/Сорос секојдневно доживува порази и целосно е прочитана од страна на граѓаните. СДСМ е во очајна состојба и тоа го гледа целата македонска јавност која ги осудува ниските обиди да се политизира невидената природна катастрофа и да се прибираат поени на сметка на оштетените граѓани кои се соочија со огромни загуби, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на пресот на Петре Шилегов.
Република Македонија, институциите и волонтерите кои секојдневно на терен се ангажираат за помагање на погодените, максимално се вложуваат во справувањето со последиците од поплавите.

Клеветите на СДСМ дека институциите не функционирале или дека војската и полицијата ги преспале првите денови од поплавата се навреда кон сите професионалци, полициски службеници или војници кои деноноќно работат во кризниот регионот.

Очигледен и безброј пати е потврден фактот дека СДСМ/Сорос нема капацитет конструктивно да работи во интерес на граѓаните. За нив се е гола политика и борба за власт, вклучувајќи и ваква трагедија од која е потресена целата држава.

Надминувањето на последиците од катастрофалното невреме и помошта на погоденото население ќе остане прв приоритет на ВМРО ДПМНЕ. ВМРО ДПМНЕ остава СДСМ да продолжи да тоне во деструкцијата и ќе продолжи целосно да се посветува на помошта на терен која им е најнеопходна на нашите сограѓани. Деструкцијата на СДСМ нема да не поколеба секојдневно да бидеме со најпогодените, да им помагаме, да ги слушаме нивните проблеми и да бараме решенија за нивно надминување.

Нема граѓанин кој не е гневен на деструкцијата која што СДСМ постојано ја демонстрира и раководството на партијата најдобриот одговор за сопствената политика ќе го добие на претстојните избори, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито