(ВИДЕО) Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ гласаа против вистинска помош за настраданите граѓани

Од:

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во Собранието гласаа против вистинска помош за настраданите граѓани. Заклучоците што вчера ги усвои парламентарното мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не можат да ги решат бројните проблеми на граѓаните зафатени од поплавите. Ваквите заклучоци, не се ништо друго освен покритие за нефункционирањето на институциите, неспособноста и бегањето од соочување со одговорноста, портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Дури и во вакви моменти на Никола Груевски најважен му е политичкиот маркетинг.

Со овој начин на однесување ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски потврдија дека немаат искрена загриженост за катастрофата и трагедијата што ги зафати граѓаните.

Наместо одговорност за нефункционирање на институциите, наместо решавање на проблемите на граѓаните, клучен приоритет на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се парите од криминалните тендери.

Парите од Панорамското тркало, од спомениците, парите за задоволување на тендерските апетити на владејачката коалиција, мора да се пренаменат за да им се помогне на граѓаните.

За СДСМ е неприфатливо ваквото однесување на владејачката коалиција.

Активистите и волонтерите на СДСМ, заедно со сите добронамерни граѓани без разлика на партиска или етничка припадност ќе продолжат да им помагаат на граѓаните од погодените подрачја.

Вистинското обесштетување на граѓаните ќе се случи веднаш по демократските промени, во декември, оваа година.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

(ВИДЕО) Филипче: Без спроведени реформи нема укинување на техничката влада

СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата