Британскиот тенисер Енди Мареј е победник на олимпискиот турнир во Рио де Жанеиро и стана првиот играч кој освоил два златни медала од Олимписките игри.
Мареј ноќеска во финале по четири часа игра го совлада Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро со 3-1 во сетови.
Во првиот сет Британецот беше подобар со 7:5. Дел Потро изедначи по 6:4 во вториот сет. Третиот сет Британецот го доби со 6:2, а во четвртиот беше 7:5.
Бронзениот медал му припадна на Кеи Нишикори од Јапонија кој во малото финале со 2-1 го совлада шпанскиот тенисер Рафаел Надал.