Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија денеска ги започнува натпреварите на ЕХФ Шампионатот за играчи до 18 години, што ќе се одржува во бугарските градови Варна и Камчиа до 21 август.
На ЕХФ Шампионатот, на кој ќе настапат уште 10 репрезентации, избраниците на Иле Темелковски се во А група, во која за противници ќе ги имаат соодветните селекции на Унгарија, Украина, Ерменија, Косово и Кипар. Во групата Б се селекциите на Турција, Финска, Луксембург, Фарски Острови и домаќинот Бугарија.
Црвено-жолтите, шампионатот ќе го отворат со дуел против Кипар кој ќе започне од 14 часот.
Комплетен распоред на натпреварите:
15.08. Македонија – Кипар
16.08. Македонија – Ерменија
17.08. Македонија – Украина
19.08. Македонија – Косово
20.08. Македонија – Унгарија
21.08. Натпревар за пласман
Ова е еден од трите турнири кои се играат под името ЕХФ шампионат и тоа додека во Загреб и Копривница, Хрватска, се одржува Европското првенство за играчи до 18 години.