(ВИДЕО)Макрадули: Власта во Скопје создаде урбан хаос во кој царува градежната мафија.

Од:

„Денес сме овде затоа што токму ова место е едно од многуте во Скопје кое сведочи за тоа како власта го уништува зеленилото за сметка на бизнис интересите на одредена група луѓе.Овде, и покрај противењето на жителите на урбаната заедница “Роберт Гајдиќ“, власта по секоја цена сака да изгради две десетокатници и мегаломанска катна гаража од 21 метар. Тоа се прави надвор од законската процедура“, изјави кандидатот за градоначалник на Скопје, Јани Макрадули.

Не само овде, рече Макрадули, туку скопјани во својот град се помалку може да уживаат во парковите и зеленилото, Паркот жена, веќе не е парк, туку дрвјата се заменија со камен и бронза. Водно, се помалку е парк шума, затоа што се повеќе никнуваат згради за кои постои ризик да се излизгаат до центарот на Скопје.

„Неконтролираното и често менување на урбанистичките планови, создадоа урбан хаос во кој единствено царува градежната мафија.Токму поради овие причини Скопје секоја зима станува се позагаден град и загаденоста на воздухот неколкукратно ги надминува дозволените граници.Уште повеќе, мерната станица за квалитетот на воздухот и web страната “Скопје дише“, преку кои граѓаните можеа да проверат во кое време каков воздух дишат и барем самите да се заштитат во критичните часови, речиси една година е надвор од функција.Дрвцата кои денес ќе бидат засадени, не можат да го покријат фактот дека власта е директно одговорна за безмилосното уништување на градското зеленило“, рече Макрадули.

Ја исккористи приликата, токму на овој ден да апелира до Владата, Градските и Општински власти да престанат со безмилосното уништување на парковите и зеленилото во Скопје.

Здравјето, рече,  на граѓаните е поважно од административните згради на Владата и комерцијалните објекти на нивните бизнис пулени.

„Затоа, еден од моите приоритетни проекти ќе биде создавање зелен појас од потегот Матка до Градски Парк, што значително ќе го подобри квалитетот на водухот во Скопје. Ние денес симболично ќе засадиме таму каде што му е местото на зеленилото. Но, сакаме да укажеме на лицемерието на власта. Недозволиво е дрвја како што е овој пример позади нас, каде што во други држави сечењето е кривично дело, да бидат уништувани, а на сметка на тоа да се садат синолички како што го прави тоа градоначалникот на Скопје. Тоа не може да го подобри здравјето и квалитетот на воздухот во градот Скопје.

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците