Полицијата трага по маж кој исчезнал во водите на езерото „Младост“

Од:

Во полициската станица во Велес ноќеска било пријавено дека исчезнал 43-годишен маж од скопското село Петровец, кој престојувал на езерото „Младост“ во Велес.

Како што соопшти МВР И.Р. (26) од Скопје, ноќеска 10 минути по полноќ, пријавил дека неговиот вујко Г.Д. (43) исчезнал. Г.Д. бил заедно со уште тројца пријатели кои на 13 август 2016 година престојувале на езерото „Младост“, а околу 19 часот влегол во езерото и потоа му се губи секаква трага. Во временски период од 00:30 до 3 часот од страна на УПС од СВР-Велес, како и роднини на Г.Д бил извршен преглед на теренот околу брегот на езерото, при што лицето не е пронајдено.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина