Претседателот на Србија, Томислав Николиќ го отповика Томислав Ѓурин од должноста амбасадор во Македонија, објавува Танјуг, повикувајќи се на српскиот „Службен гласник”.
„Се отповикува Томислав Ѓурин од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Србија во Република Македонија”, стои во објавениот указ на претседателот Николиќ, објавува Танјуг.