Левица: Само монструми можат да наредат уривање на парк во ситуација на поплави

Од:

Левица остро го осудува обидот на општина Карпош да продолжи со уривањето на паркот во Тафталиџе. Сметаме дека само монструми без емоции и памет можат да наредат нешто вакво во ситуација кога државата е погодена од најголемата катастрофа во последните 50 години. Наместо да се уништува паркот, за да се направи плоштад на негово место, работниците и механизацијата треба да се пратат да помагаат во поплавените места, на кои им се заканува хуманитарна катастрофа!

Освен заради тајмингот, намерата на општина Карпош да изгради плоштад наместо постоечкиот парк во Тафталиџе е проблематична и заради самата своја суштина. Уништувањето на зеленилото кое го прави власта изминативе 10 години е директна причина за катастрофалните последици кои врнежите ги причинуваат, како и за рекордната загаденост на воздухт во Скопје. Затоа, узурпацијата на зелените површина во цело Скопје мора конечно да запре!

Дополнително, целата постапка е спроведена на нетранспарентен и избрзан начин и не одговара на потребите на граѓаните. Во ниеден момент не е направена анкета за мислењето на граѓаните, ниту елаборат за влијанието врз животната околина.

Заради сево ова, Левица бара под итно да сопрат градежните работи околу плоштадот, паркот да се врати во првобитна состојба, работниците и градежните машини да се пратат да помагаат за санирање на последиците во поплавените подрачја, а парите наменети за изградба на овој плоштад да се пренаменат за помагање на погодените граѓани од поплавите. Доколку ова не се случи, му порачуваме на градоначалникот дека ќе одговара за своите нехумани и подли постапки.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: Работниците и земјоделците повторно ќе ја ослободат Македонија

Левица од Прилеп: Со почит кон борбата од минатото и визија за промени во сегашноста

А1он

Мециновиќ: Борбата на Левица е борба на Давид против Голијат

А1он

Мециновиќ: Градот мора да им служи на граѓаните не на партиите

Куцуловски: „Во Центар се бориме против истото чудовиште со три глави – Левица е единствената вистинска алтернатива“

Среброва: Центар не е касаба – време е да се врати духот на Скопје

Горан Наумовски