Путин ќе го изеде Трамп со се партали

Од:

Вашингтон пост – Вашингтон

И да прифатиме дека Доналд Трамп не е таен агент на Путин и дека не е сигурно дали и во колкава мера Путин се обидува да го осигури изборот на Трамп за претседател. Вистинскиот проблем е што Трамп и Путин го споделуваат истиот нихилистички пат кон меѓународните односи. Заедно тие можат да го преобразат нашиот свет.

Путин веќе разви имиџ на беспоштеден, циничен и сосема беспринципиелен опортунизам во она кое пред неговото појавување се сметаше за една се покооперативна за соработка и рационална меѓународна заедница. Рускиот претседател ја наметна и усоврши употребата на лаги за постигнување на своја геополитичка предност, ги затвора и убива своите опоненти во престолнини во странство, се нафрла на територии на свпоите соседи колку отворено, толку и прикриено, се меша во изборите во други држави, и не му е гајле за правилата во меѓународната трговија и спортот.

Во повеќето случаи тоа не му поминуваше, па затоа востанови модел за беззаконие и лажливост, кои дури и други режими почнаа да го следат. Откако виде дека еден од главните опоненти на Путин, Александар Литвиненко, беше убиен насред Лондон без значајни последици од тоа, Кина се зафати да апси дисиденти надвор од своите граници, вклучително и британски граѓанин кој беше уапсен во Хонг Конг. Реџеп Таип Ердоган, турската бледа копија на Путин, засега не убил или затворил критичар во странство, но под негова упорност Германија започна судски процес против еден сопствен граѓанин кој го навредил.

Путин успеа да ги издигне очигледните вистини до ниво на документарното новинарство при објаснување на меѓународните случувања. Москва, на пример, кажува дека не украинскиот народ, туку агенти на американското разузнавање се одговорни за соборувањето на клиентот на Путин, поранешниот претседател Виктор Јанукович (за кого во минатото работел сегашниот раководител на предизборниот штаб на Трамп, Пол Манафорт). А Хилари Клинтон успеа да организира антипутинови демонстрации во Москва пред пет години – со можеби и го заслужила хакирањето на компјутерите на Националниот комитет на Демократската партија.

Путин може и да им верува на тие лаги или пак може да прифаќа дека тие не се разликуваат од приказните кои ги шират западните политичари. Каква и да е вистината, тој успеа да создаде една виртуелна реалност. Имаме свет каков што Западот го познава, и го имаме светот на Путин. Гледачите на сателитските канали можат да си изберат еден.

Тоа е исто нешто на кое другите режими се учат. Можеби повеќе од кога било досега благодарените на интернет и сателитските телевизии, светот е заплиснат од државно спонзорирани теории за конспирацијата, повеќето антиамерикански. „САД имаат таен план да го распарчат Египет“, вели режимот на Абдел Фатах ал Сиси; „не, тие се премногу зафатени да спонзорираат воен преврат во Турција“, вели Ердоган. „Глупости“, вели венецуелскиот претседател Николас Мадуро: намерите на САД се фокусирани за неговото соборување преку воен удар.

Во својата отровна партизираност, политиката на САД во целина ги избегна овие патологии – додека не дојде подемот на Трамп. Трамп можеби не посега по насилство како Путин, но неговото безрезервно прифаќање на невистини, цинизмот и аморално практикување на тесни интереси веројатно е најчистиот американски израз на путинизам кој некогаш ќе го видиме. Тоа го отвара злокобното прашање: Како би изгледал светот ако и двајцата се на власт?
Да почнеме со сојузите и мултилатеризмот. Повеќе од еден век најтесните врски на САД со други држави се засноваат на споделени вредности. При претседателско управување на Трамп, САД, исто како и Русија, нема да има сојузници, само клиенти. Пораката на Вашингтон кон Естонија ќе биде како и онаа на Москва кон Белорусија: плаќајте си за поддршка на осигурувањето, давајте што се бара од вас или ќе бидете изоставени.

Слично на Путин, и Трамп ќе создаде своја глобална реалност. Нема врска што од 2009 година повеќето Мексиканци се вратиле дома отколку што емигрирале во САД, во светот на Трамп тие незаконски ја преминуваат границата и тоа налага изградба на ѕид. Американските и руските лаги може да се прикријат – Трамп и Путин се согласни дека нема руски војски во Украина, иако тие продолжуваат да убиваат Украинци скоро секојдневно.

Кој ќе ја брани вистината? Можеби Шведска.

Трамп веројатно ќе ја исполни најскриената желба на Путин – да биде на рамна нога со претседателот на САД и двајцата да си го поделат светот на сфери на влијание. Резултатот ќе биде катастрофален за редица држави во Евроазија и на Блискиот исток. Трамп може да биде повикан од Путин да се откаже од Украина и Грузија, а можеби и од Египет и Јордан, а тој без противење да се согласи. „Во краен случај, од тие места не може да извлечат пари“, може да си заклучи бизнисменот.

Трамп си се претставува како случува тешки зделки со еден авторитарен управител кој мисли исти како и тој. Тој со сигурност ја потценува безпоштедноста на Путин и не е јасно неговото разбирање за американско-руските односи како игра со нула резултат (во која победата на едниот доаѓа на сметка на поразот на другиот). По 15 години на власт, Путин вешто мешетари со исукството на измамата, предавништвото, саботажата и тактичката агресија. Во споредба со него, Трамп е дилетант. Така што последиците од еден свет на Трамп и Путин нема да биде само триумф на аморалното државно управување, туку и пораст на руското влијание за сметка на Америка.

Би можело да ве интересира

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

Москва не го признава Меѓународниот кривичен суд, реакција по налогот за апсење на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа