Киев: „Турскиот поток“ не е во интерес на Европа

Од:

Украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин смета дека приближувањето меѓу Русија и Турција нема да ги влоши односите меѓу Киев и Анкара, но оцени дека повторното заживување на проектот за изградба на гасоводот „Турски поток“ не смао што е во спротивност на интересите на Украина, туку и на цела Европа.

– Очигледно е дека економската соработка меѓу Турција и Русија ќе биде возобновена во многу сфери, но најмалку еден од разгледуваните проекти противречи на интересите не само на Украина, туку и на Европа. Тоа е проектот „Турски поток“, изјави Климкин во интервју за Интерфакс, чии делови пренесуваат украинските медиуми.

Климкин нагласи дека согласно Договорот за асоцијација со ЕУ, Украина ги исполнува своите европски обвррски во сите сфери, вклучително и во енергетскиот сектор. 

– Русија се обидува да ја заобиколи Украина и да создаде гасовод до Турција, спортивно на европските правила, изјави Климкин, мислејќи на гасоводот „Турски поток“.

Возобновувањето на проектот „Турски поток” беше договорено на средбата на претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган во Санкт Петербург во вторникот. 

Турскиот амбасадор во Москва, Умит Јардам вчера најави дека преговорите за „Турскиот поток“ ќе продолжат „со нов сили во текот на претстојните недели“. 

– Решивме активно да ги интензивираме контактите во врска со „Турскиот поток“. Двете земји имаат различен поглед кон проектот, за што ги почнавме преговорите уште пред кризата, изјави Јардим.  

Според планот, од Русија до територијата на Турција гасоводот ќе минува по дното на Црното Море. Доколу преговорите завршат успешно, првата делница од гасоводот би можела да биде изградена веќе во декември 2019 година.

Би можело да ве интересира

Вучиќ утре ќе го отвори гасоводот „Турски тек“ во Србија

Турски поток значително го намали транзитот на руски гас преку Украина

Ана Ололовска

Вучиќ, Путин, Ердоган и Борисов утре на отворање на Турски поток

Радев: Бугарија дава пари за „Турски поток“

Ана Ололовска

Од 1 јануари почнува транзитната испорака на природен гас од „Турски поток“ кон Грција и Северна Македонија

Ана Ололовска

Газпром: Турски поток почнува со работа во декември

Ана Ололовска