Антиќ: Србија доби условено позитивно мислење од ЕЕЗ за Турски поток

Од:

Енергетската заедница (ЕЕЗ) позитивно гледа на изградбата на нов гасовод преку Србија, од Бугарија до Унгарија, со кој би се испорачувал гас од гасоводот Турски поток, сопшти ЕЕЗ.

Од една страна, Секретаријатот заклучува дека новиот гасовод кој влегува во земјата (Србија) од југ ќе ја подобри безбедноста на снабдувањето преку диверзификација на транспортните патишта. Од друга страна, ова ќе ја зајакне и прошири доминацијата на Гаспром и Србијагас. Поради овие причини, Секретаријатот бара од регулаторното тело на Србија да услови било какво изземање од можноста за нови учесници на пазарот да пристапат до значителен дел од гасоводот преку аукција и да можат да понудат одредено количество гас на српскиот пазар “.

Секретаријатот на ЕЕЗ наведува дека нема слично барање за изземање во Бугарија и Унгарија. Ова тело постави бројни услови за да спречи овој проект да не доведе до монополизација или затворање на српскиот пазар за другите учесници.

– Се работи за принципот на поделба, пристапот на трета страна и регулисирање на тарифите. Ова се клучните инструменти за да се осигура дека пазарот на гас во Европа е транспарентен, недискриминаторски, отворен и компетитивен.

Српскиот министер за рударство и енергија, Александар Антиќ, синоќа по соопштението на ЕЕЗ, оцени дека Србија по добивањето на позитивното мислење од Енергетската заедница за проектот на Магистралниот гасовод од границата со Бугарија до границата со Унгарија, на делот од Турскиот поток низ Србија, да е „значително поблиску до изградбата на гасоводот низ Србија“.

-Фактот што Енергетската заедница во своето Мислење заклучи дека новиот гасовод ќе ја подобри сигурноста на снабдувањето преку диверзификација на правците за снабдување, е потврда на нашата аргументација и очекувам забрзано продолжување на проектот преку обврзувачка распределба на капацитетите и донесување на инвестициона одлука, изјави Антиќ во соопштението проследено до медиумите, од неговиот Кабинет.

Тој оцени дека мислењето на Енергетската заедница е индикатор дека проектот за изградба на гасоводот преку Србија е добро поставен, во согласност со Законот за енергетика на Србија, како и со европските енергетски директиви.

– Одредени услови кои се доставени преку мислењето на Енергетската заедница, а пред сè од аспект на јакнење на конкуренцијата, испратени се до Агенцијата за енергетика на Србија, која како независно регулаторно тело, во согласност со Законот за енергетика, ќе ги земе во предвид во понатамошните чекори поврзани со имплементација на проектот, истакна Антиќ.

Како што е планирано, гасоводот со кој рускиот гас ќе се пренесува преку Турција и Бугарија во Србија, ќе влезе кај Зајечар, а од Србија до Унгарија треба да излегува во близина на преминот Хоргош.

Изградбата на 403 километарскиот магистрален гасовод во Србија треба да започне за неколку месеци и треба да биде завршен до крајот на оваа година, за да биде оперативен во 2020 година.

Енергетската заедница е меѓународна организација основана 2005 година во Атина, со цел проширување на внатрешниот енергетски пазар на ЕУ во регионот на Југоисточна Европа и регионот на Црното Море.

Би можело да ве интересира

Голем интерес за тендерот за гасоводот Грција – Македонија

Орце Костов

„Енерџи прес“: До крајот на месецов Грција ќе го објави тендерот за изградба на интерконекторот со Северна Македонија

Кина го поткопува клучниот проект на Путин, правејќи ја Москва нервозна

Белград започна со изработка на просторно-техничка документација за гасната интерконекција Србија-Северна Македонија

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Експлодираше гасоводот што ја поврзува Литванија со Летонија

Горан Наумовски

Во Србија интензивни разговори за гасната интерконекција со С. Македонија

Ана Ололовска