Исчистениот канал во Мало Курило го спречи поплавувањето на Капиштец

Од:

Градончалникот Андреј Жерновски, заедно со претставници на општина Центар, денеска го посетија Мало Курило, населба на Водно, каде имаше неколку погодени куќи од поплавите. Жителите беа задоволни од брзата реакција на службите, кои во најкраток рок интервенираа за санирање на штетите и испумпување на водата.

Сепак, жителите најголема благодарност изразија за неодамнешното чистење на каналот, кој цели 40 години беше запоставен и полн со шут и ѓубре.

„Ако каналот беше нечист, ќе поминевме многу лошо и ние, но и населбите Капиштец и Козле, кои се подолу. Пред да се исчисти каналот, при помали дождови водата се излеваше, не сакам ни да помислам што ќе се случеше сега. Голема среќа што вака се заврши цела работа со минимални штети. Благодарни сме за реакцијата на општината.“ – вели жителка на Мало Курило.

Од овој канал беа извадени преку 30 тони ѓубре и шут во акцијата која ја организираше општината пред неколку месеци.

Жителите ги споделија проблемите со кои се соочуваат секојдневно а претставниците на општината ветија дека ќе одговорат на нивните барања. Оваа мала населба со години беше запоставена од општинските служби на Центар, но во последните години ситуацијата е значително променета.

Првиот сегмент од улицата “Загрепска” е целосно реконструирана, направени се конечно и тротоари, што го олесни движењето на граѓаните. Каналите се целосно исчистени од смет и шут и легализирани се најголем дел од куќите. Конечно е поставена и долго очекуваната заштитна ограда на тротоарот во опасните свиоци. Осветлено е кошарарското игралиште и исчистена е детално целата населба, откако неаодамна започна да фунцкионира „Еко бригадата“, службата на општината за чистење.

„Сметам дека општината треба да се грижи за сите граѓани подеднакво. Предолго време овие далечни делови од Центар беа запоставени од општинските власти,но ние тоа го променивме. Се планираат нови проети во оваа населба и целосно реконструирање на главната улица „Загрепска“- изјави градоначалникот Жерновски.

Општината во текот на оваа недела врши процена на штетите во домовите на граѓаните на Центар.

Се санираат штетите во ОУ “Кочо Рацин”, но најголем дел од меганизацијата и службите во моментов работат во погодените подрачја и го поддржуваат Централниот кризен штаб за санирање на штетите.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски