Папата во својот дом организираше ручек за 21 сириски бегалец

Од:

Папата Франциско вчера во неговиот дом во Ватикан организираше ручек за 21-те сириски бегалци, речиси сите муслимани, кои изминативе неколку месеци ги доведе во Рим, соопшти Светата Столица.

Дванаесетмината од овие бегалци се најдоа на насловните страници на весниците кога папата непланирано ги поведе со себа во Рим, по посетата на грчкиот остров Лезбос на 16 април годинава. Останатите деветмина пристигнале во италијанскиот главен град во јуни.

Сите гости на ручекот кај папата се муслимани, освен една христијанска брачна двојка. Нивното сместувањето и финансиските трошоци во Ватикан ги обебзеудва католичката Заедница на Свети Егидиј.

Во текот на ручекот во Куќата на Света Марта, која папата Франциско ја одбра за свој дом во Ватикан, бегалците со него разговараа за искуствата од првите месеци на нивниот претстој во Италија. Децата на папата му ги подариле нивни цртежи, а тој ним им подарил играчки. 

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска