ФОТО: Швеѓанка обвинета за сексуални активности со човечки скелети

Од:

Против 37-годишна жена во Шведска е покренато обвинение при Општинскиот суд во Гетеборг под соменавње за извршено кривично дело скрнавење на гроб.

Според обвинителот започнатиот судски процес се однесува на мошне необично кривично дело.

Во станот на жената во Гетеборг се најдени голем број делови од човечки скелети, меѓу другото шест черепи, еден рбет и повеќе други коски.

Скелетите биле користени во врска со разни сексуални активности, а, според обвинението, жената исто така тргувала со човечки коски. Меѓу другото, таа продала три черепи.

– Кај обвинетата жена се најдени фотографии на гробишта, мртовечници и одделни гробови, како и опрема која таа најверојатно би ја користела за натамошни копања и собирање на делови од човечки скелети, вели јавниот обвинител Кристина Еренборг-Стафас.

Во станот на 37-годишната жена се запленети шест картонски кутии со човечки коски.

Кривичното дело скрнавење на гроб, според шведската судска пракса може да биде осудено со парична казна, но и со казна затвор во траење до две години.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица