Москва со предупредување до Киев: Не си играјте со оган

Од:

Ги повикуваме нашите партнери, со чии напори во голема мера се одржува на власт актуелниот режим во Украина, да покажат разумност и да издејствуваат кај своите украински штитеници прекин на постојаните провокции и исполнување на обврските во согласност со договорот од Минск, се наведува во соопштението објавено на страната на руското министерство за надворешни работи.

-Обидите да се дестабилизира ситуацијата на рускиот Крим се осудени на пропаст. Ние целосно ја обезбедуваме стабилноста и безбедноста на Република Крим, се наведува во соопштението.

Од таму го предупредуваат Киев и неговите странски советници дека штетата нанесена на руска страна и убиство на руски војници нема да остане без последици. Играњето со оган, нема да биде на добро, пишува во документот.

Русија ги повикува партнерите да влијаат на Киев и да го предупредат на опасните чекори кои можат да имаат најнегативни последици.

-Повеќе пати им обрнувавме внимание на нашите пертнери дека сегашната власт во Киев во суштина не е заинтересирана за пронаоѓање на мирно решение за проблемите во Украина, и дека не е подготвена за изнаоѓање компромис, туку проблемите сака да ги реши со употреба на сила, а сега и со тероризам, пишуваат од министерството.

Би можело да ве интересира

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски

Три европски земји ги затвораат своите амбасади во Киев

Гатилов: Подготвени сме за преговори доколку Трамп ја прифати реалноста на терен

Украина „психолошки“ се подготвува за преговори со Русија

Московскиот суд издаде налози за апсење на судии на МКС вклучени во случаи поврзани со Русија

(ВИДЕО) Русија со дрон погоди станбена зграда во Киев и предизвика пожар на првите катови