(ВИДЕО) Димитриев: Ќе дадеме авансно обештетување, не добивам инструкции од Груевски

Од:

Премиерот Емил Димитриев негира дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски му дава инструкции.

Тој при посетата на Илинден пред медиумите кажа дека не гледа така на тоа и додека луѓето замолуваат за поддршка, тоа не треба да се сфати за наредба.

Димитриев исто така кажа дека владата на вчерашната седница донесе одлука за авансно обесштетување на граѓаните погодени од поплавите во Скопско, информира премиерот Емил Димитриев при денешната посета на поплавените куќи во општина Илинден.

– На вчерашната седница донесовме одлука авансно да помогнеме во исплатата на штетите на настраданите семејства од поплавениот регион, со средства кои во овој момент ги имаме од стоковите резерви. Тоа се околу 100 милиони денари или околу 1,5 милиони евра. Паралелно ќе се одвива и процесот на проценка на штетите и за домаќинствата и за компаниите, рече Димитриев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Аеродром во Бразил e поплавен: „Салгадо Фиљо“ ќе е затворен до крајот на мај

Големи поплави во Бразил, загинаа 83 лица, 111 се исчезнати

Поплавена Токсикологија – пукнала цевка од парно

Анита Петровска Рајковиќ

Поплава во Дубаи – затворен аеродром поради рекордни врнежи

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани