Издавачката куќа „Феникс“ распиша конкурс за македонски есеи на слободна тема. Од есеите што ќе бидат избрани, ќе биде објавена Антологија на македонски есеи, што ќе ја подготви доц. д-р Христо Петрески.
– Целта на конкурсот е да се афирмира и презентира македонскиот есеј со сите негови специфики и вредности. Право на учество имаат автори од сите генерации. На тематско-мотивски и изразно-стилски план нема никакви ограничувања, напротив, пожелни се сите содржини, искази и форми. Секој автор може да испрати повеќе есеи, а обемот на есеите да не биде поголем од пет страници, соопшти „Феникс“.
Конкурсот ќе трае до 20 февруари. Есеите треба да се доставуваат по електронски пат на адресата на „Феникс“: [email protected].
Антологијата на македонски есеи ќе излезе од печат во првата половина од 2013 година и ќе биде промовирана на саемот на книгата во Скопје.