МВР: Не е пријавен случај на спасени мајка и ќерка во Сингелиќ

Од:

Во СВР Скопје не е пријавено дека лицето Б.В. вчера пронашол две живи лица (мајка и ќерка) кои четири дена биле заглавени во кал во с.Сингелиќ и успеал да ги спаси и да ги пренесе во болница, соопшти денеска МВР.

– Социјалните мрежи и порталите известија дека лицата најверојатно се од Албанија и дека името на мајката не се знае, односно врз нив се спроведува постапката за идентификација.

Во СВР Скопје не е пријавен ваков настан, а од страна на Единицата за информации – команда во СВР Скопје телефонски е стапено во контакт со Градска општа болница „8-ми Септември“, Градска општа болница „Св. Наум Охридски“, комплекс клиники „Мајка Тереза“ и Брза помош на град Скопје, при што е констатирано дека кај ниту една од градските болници не се донесени ниту пријавени вакви лица, се наведува во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина