Министерот за одбрана Фатмир Бесими денеска во касарната „Илинден“ ќе има средба со странските одбранбени аташеа акредитирани во Република Македонија. На средбата ќе присуствува и началникот на Генералштабот на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески.
Средбата има традиционален карактер и на неа одбранбените аташеи ќе се запознаат со процесите на трансформација и реформи во АРМ и во Министерството за одбрана и ќе се информираат за регионалните иницијативи и проекти од тој ресор.
По повод акцијата „Ден на дрвото“, министерот Бесими и странските одбранбени аташеа ќе засадат садници во кругот на касарната.