Водата и калта полека се чистат од улицата Антон Велков која три дена беше заборавена од надлежните. По сторијата на А1он, помош утрово пристигна и во дворовите на поплавените, кои до вчера сами се обидуваа да ги исчистат своите домови.
Велат, од Црвениот Крст уште синоќа им биле однесени храна и средства за лична хигиена, а денеска пристигнаа и хумани граѓани кои до нивните домови доставија вода и храна, како и лица кои помагаа во чистењето на домовите.
Сепак, велат тие, се уште нема дојдено лице кое ќе ја процени штетата од ужасното невреме, ниту пак се појавил некој министер на местото.
Граѓаните апелираат повеќе да не се носи храна бидејќи имаат, тие повикуваат на помош за чистење на домовите, како и чизми, маски, ракавици и средства за дезинфекција.
Александар Тодески