Прекршочна пријава за напаѓачот на членот на „Левица“ во поплавените подрачја

Од:

Министерството за внатрешни работи му издаде записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ на Хајрадин Сулиш, кој во четвртокот нападна член на партијата „Левица“ за време на посетата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во поплавените подрачја, во селото Стајковци.

Нападнатиот Гоце Маркоски случајот го пријавил во полиција во среда околу 10 часот. Според неговата пријава бил физички нападнат од страна на лицето Х.С при тоа истиот најпрвин го влечел за маицата, а потоа го удрил со тупаница во пределот на лицето од левата страна, но од физичкиот напад не се здобил со видливи повреди.

Инцидентот го обелодени бугарската телевизија „Нова“ која објави снимка на којашто се гледа како Сулиш го напаѓа Маркоски бидејќи го критикува премиерот Груевски и вели дека нема помош за луѓето од поплавените подрачја.

ВМРО-ДПМНЕ се огради од инцидентот и соопшти дека Салуш не бил член на обезбедувањето на Груевски. На инцидентот присуствуваше и Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков.

Би можело да ве интересира

Левица со поддршка за струмичките земјоделци

Горан Наумовски

Левица: 25 години Карпалак – 25 години без правда за бранителите

Левица: 50 хектари плодна земја чекаат фабрики што никогаш не дојдоа

Левица: Владата ветуваше олеснување, Македонија остана на американската визна листа

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се препозна како „талогот“ и работи во координација со странски центри

Левица: Во изминатите три децении и СДСМ и ДПМНЕ постепено ја испразнија и обезличија асномската идеја

А1он