(ВИДЕО) Стајковци: Снага ми се тресе, не ми даваат храна, се задолжувам во продавница

Од:

Немаме ништо да јадеме, немаме ништо да облечеме, ништо немаме. Внатре нема живот. Каде ќе оди синот мој, нема каде да оди, кој го прима, низ плач зборува жителка на Стајковци, на улицата Антон Велков, каде водата ја преплави цела куќа и не остана ништо од животот.

-Цел живот си печалел, се отишло, за мене ајде и не е важно сум остарела, ама за него, за синот ми е жал, нема каде да седне кога ќе се врати од смена, да се одмори, а како да оди после пак на работа, низ плач кажува оваа постара жена.

Два регала, нова спална, два телевизора, 200 чинии за свадба, се заврши во наносите на водата и кал. Нема каде да спијат, нема што да јадат. Хуманитарна помош до нив не пристигнува, а и не им даваат.

-Никој не дојде, да не праша дали имаме да јадеме, дали имаме пари или немаме. Горе се сликаа, а овде не дојдоа да прашаат. За хуманитарната помош, горе се буткаат, преку ред земаат овде не можеме да земеме храна, Им даваат на тие со кои се познаваат, само се сликаат со Коце и тајфата таму што е, а тука не ни дојдоа да не видат. Само вода праќаат, а ние од водата ни се уништија куќите.

-Се задолжувам за храна во продавница, денеска се задолжив, ми рекоа во школото ти вчера беше, а бе не сум била му реков, снага ми се тресе. А гледам некои пакети само се делат, вели оваа жителка на Стајковци.

Ако сака државата да ни помогне, барем кауч еден да купиме, детето да може да легне. Теписоните ги исфрлив на канал. Тоа е човечка кожа, не може надвор од неа, вели оваа жителка на Стајковци во најзагрозеното место во Стајковци.

Би можело да ве интересира

30 дена притвор за убиецот од Стајковци

Горан Наумовски

ОЈО бара притвор за двојниот убиец од скопското село Стајковци

Горан Наумовски

ОЈО за двојното убиство во скопското село Стајковци: Го убил братот и сопругата на починатиот брат

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Аеродром во Бразил e поплавен: „Салгадо Фиљо“ ќе е затворен до крајот на мај

Големи поплави во Бразил, загинаа 83 лица, 111 се исчезнати

Поплавена Токсикологија – пукнала цевка од парно

Анита Петровска Рајковиќ